1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самарас смета дека Грција е на добар пат

ЕМФ/ард17 септември 2013

Грчкиот премиер Андонис Самарас смета дека неговата земја во рок од шест години повторно ќе го достигне нивото од пред финансиската и економска криза.

https://p.dw.com/p/19ikB
Фотографија: Reuters

Андонис Самарас дава оптимистичка прогноза. „Се‘ уште не сме се извлекле од тешкотии, се‘ уште има проблеми што мора да се решат“, рече грчкиот премиер во Атина, додавајќи меѓутоа дека според повеќето експерти, земјата ќе го достигне животниот стандард и ќе има економска сила како пред кризата „не за неколку децении или повеќе генерации, туку за само шест години“.

Во меѓувреме, Грците повторно протестираат против мерките за штедење. На вториот ден од неделата на протести со работа престанаа државните службеници, меѓу нив и наставниците во гимназиите. Штрајкуваат и голем број вработени на универзитетите, како и вработените во пензиските и здравствените фондови. Лекарите пак, во државните болници примаат само итни случаи.

Athen Streik Polizei 16.09.2013
Недела на штрајкови во ГрцијаФотографија: Reuters

Протестите во Грција утре треба да достигнат врв. Државните службеници тогаш ќе стапат во 48-часовен штрајк и ќе демонстрираат на улица. Грција, под притисок на меѓународните инвеститори, треба да отпушти 15.000 службеници до крајот на 2014 година. Освен тоа, 25.000 административци треба да се префрлат во таканаречената „мобилна резерва“ од каде или ќе бидат префрлани на други работни места, или ќе бидат отпуштени.