1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит ЕУ - Африка: Планови за идна соработка и различни ставови

9 декември 2007

ЕУ и Африка постигнаа договор за стратешко парнтерство. Но економските прашања и човековите права остануваат тема околу која се разидуваат ставовите на земјите од стариот и црниот континент.

https://p.dw.com/p/CZPu
Роберт Мугабе - Ангела МеркелФотографија: AP

Историски самит за ЕУ и Африка во Лисабон - двата континента денеска постигнаа согласност околу соработка и стратегиско партнерство. Португалскиот домаќин Хозе Сократес на крајот истакна дека сите имале многу храброст отворено да се разговараат за проблемите и потешкотиите. А нив очигледно ги има доволно. Имено во текот на денешната дебатат дојде до големи недоразвирања околу новиот трговски договор меѓу Европската унија и африканските земји.

Африканските земји не се согласни со новиот економски договор

За нас е крај! Рече налутено претседателот на Сенегал Абдулај Вад. Повеќе нема да разговараме за планираните трговски преговори, ги одбиваме рече Вад. Повеќето африкански држави го одбивааат новиот договор за економско партнерство со Европа планиран веќе пет години, рече и јужноафриканскиот претседал Табо Мбеки. Со ова државите кои учествуваат на самитот стојат пред голем проблем, имено новите договори требаше да го заменат договорот од Котолу, кој досега ги регулираше трговските односи меѓу двата континента.

Европа ги преиспитува можностите

По ова претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Баросо најави дека ќе провери дали и колку европската позиција е флексибилна, а за збор се јави и германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја отфрли позицијата на сенегалскиот претседател како изолирана, според неа сеуште не е се’ загубено, само треба да се задржат нервите и да се продолжи со преговорите. Проблематични пред се ’ се царинската политика и отварањето на африканските пазари.

Човековите права - горлива тема

Жестоки дебати се водеа и вчера но околу човековите права. Пред се’ критиката на германската канцеларка Ангела Меркел околу повредата на човековите права и катастрофалната економска политика на Зимбабве предизвика реакции

„Ги поздравуваме напорите на Јужна Африка и Африканската унија да се постигне напредок во Зимбабве. Но велам времето притиска. Луѓето навистина лошо живеат таму.“ рече Меркел која се заложи за подобро водство од страна на владите во Африка истакнувајќи дека нема европски или африкански човекови права туку дека тие се универзално важечки и неделиви.

Мугабе остро возвраќа

Претседателот на Зимбабве Мугабе денеска пак со остри зборови ја бранеше неговата земја од префрлувањата на Европејците. Оваа критика укажува на „ароганција“ на „една четворочлена банда“ од Германија, Данска, Шведска и Холандја, рекол Мугабе се вели од дипломатски кругови. И Јужноафриканскиот претседал Табо Мбеки и префрли на Меркел дека нејзините погледи не соодветствуваат со реалната ситуација во некогашната британска колонија. Претседателот на Сенегал рече дека критиката на Меркел се заснова на „непрецизни информации“ - Ситауциајта во Зимбабве е многу подобра отколку што се опишува смета Вад.

На маргините на самитот невладини организации и групите кои се залагаат за човековите права оддржаа демонстрации и укажаа дека хуманитарната криза во Дарфур во Судан или во Сомалија е најмлаку толку драматична колку во Зимбабве.