1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит на ЈИЕ во Загреб

10 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag5V

Денеска во Загреб почнува самитот на земјите членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа што се оддржува по десетти пат. Според најавите, на состанокот кој ќе трае два дена ќе биде потпишан и протокол кон Повелбата за добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка во Југоисточна Европа. Покрај политичарите во регионот, во Загреб се очекуваат и германската канцеларка и претседавач со ЕУ Ангела Меркел, претседателот на европската комисијата Жозе Мануел Барозо и американскиот државен подсекретар Николас Барнс.