1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Сандеј телеграф”: Австралија има таен план за повлекување од Ирак

1 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/B89T

Австралија подготвува таен план за повлекување на своите војници од Ирак, тврди денешен сиднејски “Сандеј телеграф”. Според весникот, премиерот Џон Хауард планирал да ги повлече војниците до февруари 2008 година. Весникот се повикува на “висок воен претставник”. Во Ирак се распоредени 1500 австралиски војници.