1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Санкции на Израел за појасот Газа

29 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BxjY

Израел им се закани на околу 1,5 милиони Палестинци дека ќе запре секаква испорака за појасот Газа, доколку не престанат напади со ракети врз Израел. Кратењето на испораката на гориво за 15% неделно е знак на предупредување, изјави портпарол на енергетските власти. За наредните денови најавено е и запирање на испораката на електрична енергија. Палестинското радикално-исламистичко движење Хамас , кое од јуни наваму го држи под контрола појасот на Газа , ги осуди санкциите нарекувајќи ги воено злосторство.