1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози апелира да не се објавуваат снимките од убиствата во Тулуз

СН/БГ/ртр/афп/мф27 март 2012

Францускиот претседател денеска побара од секоја ТВ станица која има видео снимки од убиствата во Тулуз да не ги објавува.

https://p.dw.com/p/14SjX
Францускиот претседател Никола СаркозиФотографија: Reuters

Апелот на францускиот претседател Никола Саркози се однесува пред се’ на арапската телевизија Ал Џазира која претходно соопшти дека размислува за објавување на видео снимките кои пристигнале до нејзината француска канцеларија , и на кои веројатно можат да се видат седумте убиства што ги извршил Мохамед Мерах во Тулуз и во регионот

Саркози денеска во Париз побарал од „сите ТВ канали“ кои во своја сопственост имаат такви снимки да не ги објавуваат под каков било изговор од почит за жртвите и кон републиката.

Шефот на канцеларијата на Ал Џазира во Париз, Зиед Таруш претходно изјави дека видео материјалот бил снимен на УСБ кој бил испратен со писмо со о поштенски печат од минатата среда. кога полицијата започна со опсадата на станот во кој Мохамед Мерах беше забарикадиран 32 часа .

Одлука во Катар

Таруш изјави дека станицата се’ уште размислува дали да ја прикаже снимката .

„Ние не сме сензационалистичка телевизија. Ние не сакаме да објавиме снимки без да ги одмериме ризиците и последиците. Затоа менаџментот на Ал Џазира на денешната средба во Катар ќе одлучи дали видеото ќе биде објавено или не“, изјави Таруш.

Katar Al Dschasira Logo Fernsehen
Логото на Ал ЏазираФотографија: AP

Копии од видео снимките вчера претставници на телевизијата и ги предале на претставници на истрагата. Истрагата треба да утврди дали ковертот го испратил самиот Мерах во вторникот навечер или му помогнал соучесник.

Мохамед Мерах, Французин од алжирско потекло, беше убиен во обидот да биде уапсен. Според полицијата, тој е убиецот на три деца и наставник во еврејското училиште во Тулуз, како и на тројцата француски падобранци во истиот град и во блискиот Монтобан.

Неговиот брат Абделкадер Мерах е обвинет за соучество во овие злосторства и против него се води истрага, до чие завршување тој ќе остане во притвор.