1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози бара реформа на Шенгенскиот договор

11 март 2012

Францускиот претседател Никола Саркози бара реформа на Шенгенскиот договор. Технократите и судовите веќе не смеат да управуваат со доселувањето во Европа, рече денеска Саркози на предизборен собир во близина на Париз.

https://p.dw.com/p/14J3v
Фотографија: Reuters

„Потребна е заедничка дисциплина за Шенген, исто како што ни е потребна заедничка дисциплина за еврото“, изјави денеска (11.03) во Вилпант, на предизборен собир на неговата партија, францускиот претседател Никола Саркози. Според него, реформа на Шенгенскиот договор е итно неопходна. Доколку во наредните 12 месеци не се најде решение, Франција ќе го „стави под мраз“ своето учество во Шенген, се закани Саркози.

Францускиот претседател бара пакт против илегалното доселување во ЕУ. Тој е на мислење дека за да се чува Шенгенскиот простор е потребна „политичка влада“, каква што е потребна и за еврозоната. Доколку една држава не ги исполнува своите обврски согласно Шенгенскиот договор, би морало да биде казнета или, во краен случај, исклучена од Шенгенскиот простор, изјави Саркози.

Автор: ЕМФ/ЖА/афп/дапд

Редактор: Ж. Ацеска