1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози во Берлин

17 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag3Q

Новиот француски претседател Николас Саркози вчеравечер во Берлин на разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел, се заложи за брзо делување за излез на Унијата од актуелната парализа. Саркози кој во Берлин допатува само неколку часови откако во Париз положи заклетвба на функцијата изјави оти не верува дека чекањето е вистинскиот начин за решавање на проблемите. Германската канцеларка Ангела Меркел од своја страна нагласи:

“ Поаѓам од тоа и сосема сум сигурна дека тоа ќе го постигнеме и за тоа веќе денеска ќе разговараме“ изјави Меркел и додаде

“ Германија и Франција си требаат една на друга, нас не врзува и интензивно пријателство. Нема никаков сомнеж дека нашата соработка ќе биде успешна“ изјави Меркел