1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози во Полска се залага за реформа на европскиот устав

14 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Awdl

Францускиот претседател Никола Саркози денеска е во посета на Полска. Тој најави дека има намера да го убеди полското водство да се согласи за европскиот устав во променета форма. Премиерот Јарослав Качински најави вето за престојниот самит на ЕУ во Брисел. Полска смета дека ќе биде оштетена со планираното право за гласање на двојно мнозинство, бидејќи повеќе тежина им се давало на големите држави во ЕУ. Канцеларот на Австрија Алфред Гусенбауер кој беше во посета на Варшава во понеделникот, добил впечаток дека Полска не сакала да дозволи успех на Герамнија во заживувањето на процесот за уставот.