1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози говореше пред Европскиот Парламент

13 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CBFp

Францускиот претседател Никола Саркози во говорот пред Европскиот Парламент денеска изјави дека Европа мора да си го сочува својот идентитет во глобализираниот свет. Истовремено предупреди од „безглава либерализација“ која Европа би ја ставила во подредена положба во однос на нејзините трговски партнери. Додека Франција се соочува со најава за серија штрајкови, Саркози пред Парламентот рече дека ЕУ мора да го отфрли економскиот протекционизам , но дека истовремено мора да ги заштити народите да не станат жртва на нелојалната конкуренција. Во однос на проширувањето на ЕУ, Саркози изјави дека блокот мора да го зачува својот идентитет и заеднички да работи на поставување на идните граници.