1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саркози и Камерон бараат правна држава во Либија

15 септември 2011

Францускиот претседател Никола Саркози и британскиот премиер Дејвид Камерон при денешната (15.09) ненајавена посета на Либија му ветија на Преодниот совет полна поддршка.

https://p.dw.com/p/12Zpz
Камерон и Саркози денеска во ТриполиФотографија: dapd

Дејвид Камерон порача дека операцијата на НАТО за заштита на цивилното насление ќе продолжи се’ додека не биде пронајден поранешниот диктатор Моамер ел-Гадафи. Францускиот претседател Саркози пак, се заложи Гадафи да биде изведен пред лицето на правдата и тоа пред меѓународен суд, а Преодниот совет го повика на создавање правна држава во Либија.

Камерон и Саркози се првите шефови на држави или влади од Западните сили, кои ја посетуваат Либија по пресвртот.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска