1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саудиска Арабија бара истрага за иранскиот заговор

18 октомври 2011

Саудиска Арабија побара независна истрага преку Советот за безбедност на ОН за наводниот ирански заговор за убиство на саудискиот амбасадор во САД, Адел ал Џубеир.

https://p.dw.com/p/12tuK
Саудискиот амбасадор во САД Адел ал ЏубеирФотографија: dapd

Откриениот план претставува прекршување на меѓународните договори, се вели во писмото до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги отфрли обвинувањата дека зад плановите за атентат стои иранската Револуционерна гарда. Ахмадинеџад смета дека американските тврдења за ирански заговор за убиство на саудискиот амбасадор во Вашингтон личат на тврдењата на Вашингтон за оружјето за масовно уништување на Садам Хусеин кои беа основа за интервенцијата во Ирак во 2003 година и се покажаа како неточни.

Запрашан дали САД и Иран се пред неизбежен воен судир, Ахмадинеџад одговори: „Мислам дека има луѓе во американската Влада кои сакаат тоа да се случи, но мислам дека има разумни луѓе кои знаат дека не треба да се почне со такво нешто“.

Ахмадинеџад ги повика Саудијците да не ја прифаќаат стратегијата на Вашингтон.

„Американците не се интересираат ниту за Иран, ниту за Саудиска Арабија и тие имаат интерес да не скараат за да доминираат во нашиот регион“, нагласи Ахмадинеџад.

Автор:ЖА/СН/дв/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски