1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СБ со остра осуда за нападите во Алжир

13 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEN

Советот за безбеност на ОН, најостро ги осуди терористичките напади во Алжир. Одговорните за нападот мора да се најдат пред суд, се вели во соопштението од највисокото тело во ОН. Тие ја повикаа и целата Меѓународна заедница да му помогне на Алжир во истрагата и пронаоѓањето на напаѓачите. Бројот на жртвите од нападите во средата во Алжир се искачи на 33 загинати и над двесте повредени. Одговорноста за нападот ја презеде радикалната организација „Ел Каида во Магреб“.