1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
9 фотографии
КултураЕвропа
Хајке Мунд
11 јули 2020
https://p.dw.com/p/3f5lF

Врховниот управен суд во Турција го расчисти патот Света Софија да се користи како џамија. Судиите го поништија  статусот на музеј на прочуеното здание. Со тоа од чисто правна гледна точка, религиозни церемонии би повторно можеле да се одржуваат во Аја Софија.

Судот со тоа ја следи желбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој веднаш по пресудата потпиша указ со кој Света Софија повторно ќе стане џамија. Тој најави дека на 24 јули во Аја Софија ќе се одржи петочна муслиманска молитва. Ваквиот чекор на Ердоган наиде на бројни критики во светот.