1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот е воздржан по договорот на Палестинците

9 февруари 2007

Хамас по крвавата борба за превласт, конечно постигнаа договор за составување влада на национално единство, а светот на тоа реагира позитивно и претпазливо.

https://p.dw.com/p/AdtV
Од разговорите во Мека
Од разговорите во МекаФотографија: AP

Ривалските палестински организации, Фатах и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, оцени дека договорот меѓу палестинските организации е многу важен чекор напред. Тој се надева дека насилството ќе престане и дека палестинскиот наредо има подобра иднина пред себе. Истовремено, Бан му се заблагодари на саудискиот крал Абдула, кој уште еднаш на иста преговарачка маса ги донесе завојуваните палестински браќа.

Во Израел на договорот од Мека се реагира со воздржаност. Портпарол на министерството за надворешни работи изјави дека од новата влада се очекува да го признае Израел, да се откаже од насилство и да се држи до сите мировни договори. Воздржаност има и кај САД и Велика Британија, кои го поздравуваат договорот и за што ќе дискутираат со европските и другите партнери.

Инаку, според договореното, досегашниот премиер од Хамас, Исмаил Ханија, повторно добива мандат за составување влада, со тоа што пет клучни ресори ќе им бидат дадени на водење на експерти. Во новата влада Хамас ќе има седум министерства, додека Фатах добива шест. Од кругови блиски на преговарачките тимови се дознава дека министер за надворешни работи ќе биде независниот пратеник, Зиад Абу Амр, додека Салам Фијад, поранешен министер за финансии со углед во светот, ќе го води ресорот финансии. Сеуште не е јасно кој ќе го води министерството за внатрешни работи. Сите поранешни обиди да се состави влада на национално единство, пропаднаа меѓу другото и поради кавгата околу тоа кој да го води овој ресор. Сега е постигнат договор, Хамас да предложи независен кандидат, со кого претседателот Абас мора да се согласи. Генералниот секретар на Хамас, Калед Машал, даде уверување дека Хамас нема да го прекрши договорот за влада на национално единство и ја повика меѓународната заедница да ја признае новата палестинска влада. Во појасот Газа договорот беше поздравен со истрели и свирење од автомобилите. Луѓето се надеваат дека новата влада ќе му стави крај на насилството.