1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот се’ повеќе увидува дека Република Македонија треба да биде призната под тоа име

23 октомври 2007

Ставови на Нилс Кадрицке, слободен новинар, уредник во германското издание на весникот “Л’ монд дипломатик”, во врска со грчко-македонскиот спор околу името на Македонија.

https://p.dw.com/p/Bvsd
Метју Нимиц со Срѓан Керим, претседавач со заседанието на Генерланото собрание на ОНФотографија: Macedonian Information Agency

Од кабинетот на посредникот на ОН во грчко-македонскиот спор околу името на Македонија Метју Нимиц беше објавено дека на 1-ви ноември ќе се одржи нова рунда преговори во барањето решение за спорот. Според медиумите во Грција, Нимиц теба да поднесе и нов предлог. Што всушност може да се очекува од него? За тоа за Дојче Веле зборува Нилс Кадрицке, слободен новинар, уредник во германското издание на весникот “Л’ монд дипломатик”, кој живее во Атина е и добар познавач на состојбите.

“Можам само да кажам какви се очекувањата во Атина и во грчката јавност. Се разбира, се очекува да дојде било каков предлог за име, кој барем за малку ќе излезе во пресрет или ќе соодведствува на грчките претстави. За мене во моментов е загатка како тоа би можело да гласи. Во Грција се очекува дека тоа ќе биде повеќе отколку од Македонија предложеното решение, дека само Грција ексклузивно во билатералните односи ќе може да користи некое посебно име. Од агол на гледање на Атина тоа не е никакво решение. Дали Нимиц, се’ едно под чие влијание, ќе најде логично двојно име, кое ќе биде прифатливо не само за Атина, туку и за Скопје, е надвор од моите сознанија, но многу, многу тешко можам да си претставам. Задачата на Нимиц е незавидна” - вели Кадрицке.

Ситуацијата во моментов изгледа напната, грчкиот премиер Караманлис најави вето за прием на Македонија доколку инсистира врз своето уставно име. Нилс Кадрицке за актуелниот став на двете стани во спорот околу името, вели:

“Ставот на Македонците го сметам за многу логичен. Тие на билатерално ниво имаа големи успеси. Светот се’ повеќе увидува дека Република Македонија треба да биде призната под тоа име. Проблемот на Грција мора било кога да биде решен. Проблем е што Македонците тука сакаат да играат на време, а Грците сега велат – о-кеј, но ако вие сега релативно брзо сакате да бидете примени во ЕУ и НАТО, тогаш тоа нема да оди толку бргу. Мислам дека ќе биде и мора да биде можна билатерална спогодба, но сметам дека се пожелни и гестови од страна на Скопје, за да му се олесни на грчкото јавно мислење да прифати дека нивни соседи на северот се Македонци”.

Кадрицке е оптимист дека некогаш ќе се дојде до взаемна согласност за овој спор, но краткорочните песрпективи, според него, се побргу песимистички:

“Мојот оптимизам се однесува само на долгорочните перспективи оти јас гледам дека во последните 10-15 години значително попушти хистеријата која владееше во 1992-ра година. Може да се најдат се’ повеќе и повеќе разумни луѓе. Сепак, ќе потрае некое време додека Грците да се помират со името Македонија за некоја друга држава. Поради тоа велам дека краткорочно е многу сериозно и навистина од агол на Атина, односно според читањето на атинскиот печат, без решение на прашањето за името и во смисла на грчките ставови, во наредните три-четири години не гледам изгледи за прием на Македонија во ЕУ или НАТО. Можноста за вето постои – пред се’ во ЕУ, и не знам дали во догледно вереме во Грција ќе има влада на која ќе може да и’ се одземе таа вето-карта од рака. Друго прашање е како на тоа ќе реагираат ЕУ-партнерите и дали ќе најдат средство за да ја одвратат Атина од таквиот тврд став. Ова не е контардикторно – сметам дека на долг рок расположението ќе се промени, пред се’ бидејќи билатералните односи на двете земји всушност се прилично добри, општо е познато дека економските односи се продуктивни, а како тешко и натаму ги сметам пречките со визите од грчка страна. Ако тоа се реши и се’ повеќе и повеќе туристи и викенд-посетители патуваат во Грција, тоа може само да придонесе за релаксирање. Но, краткорочно фактички сум песимист, поради атмосферата во Грција и новата констелација, дека една десно-радикална партија може политички така да се каже да ја потисне во агол владеачката Конзервативна партија, констелација која ја сметам за неповолна”.