1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот се соочува со климатска катастрофа

БГ/миа28 ноември 2012

Малите островски земји предупредуваат дека нивниот опстанок е загрозен поради глобалното затоплување и дека светот ќе се соочи со катастрофа доколку не се преземат мерки.

https://p.dw.com/p/16qwx
Фотографија: OSCAR RIVERA/AFP/Getty Images

Светот се соочува со огромна катастрофа и потребна е итна реакција, гласи пораката упатена на Конференцијата за климата што се одржува во Доха, а која би требало да вроди со прифаќање на клучниот документ, Протоколот од Кјото 2.

„Се соочуваме со катастрофа од огромни размери и потребно е итно да се делува“, порачаа претставниците од островските земји, кои се посебно изложени на климатските промени. Протоколот од Кјото истекува кон крајот на декември и многу е важно да се донесе договор за следниот период, за да можат преговорите на конференцијата, на која има претставници од 190 земји, да имаат успех.

„Веќе седум години развиените индустриски земји зборуваат, зборуваат и само зборуваат за своите обврски за смалување на емисиите на штетни гасови. Но, доаѓа моментот кога треба нешто да се направи. Тој момент дојде“, изјави Марлен Мозес, претставничка на Сојузот на мали островски држави, вкупно 44, кои најмногу ги чувствуваат последиците од покачувањето на нивото на морињата.