1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка: Европејците премалку работат

29 јануари 2012

Еден од најголемите проблеми на Европа е прекраткото работење и намалувањето на продуктивноста, тврди студија на Светската банка.

https://p.dw.com/p/13pgZ
Светска банка бара подолг работен век во ЕвропаФотографија: picture-alliance/dpa

„Европејците работата помалку часови неделно, помалку недели во годината и помалку години од својот живот отколку работниците од другите региони во светот“, се вели во неодамна објавената студија со наслов: „Златен развој-како европскиот економски модел да го врати сјајот“.

Оној кој во Европа има работно место, денес ужива досега невидена сигурност, се вели во студијата. Надоместоците за оние кои немаат работа се релативно великодушни, освен тоа, лесно е и одењето во пензија. Брзината со која се скрати работното време во Франција, Италија и Шпанија од 1995-та година наваму, со оглед на „скромните“ напредоци во продуктивноста во изминатите две децении, е „загрижувачка“.

Zimmermädchen bei der Arbeit
Фотографија: Fotolia/stefanolunardi

Според студијата, почетокот на работниот век во Европа се‘ повеќе се одолговлекува, а пензијата почнува се‘ поскоро. Сето ова не придонесува за конкурентнсота на Европа. За да се реши проблемот, голем дел од европските земји треба да го зголеми работното време и да им овозможи на младите да најдат работно место. Европските влади мора „попродуктивно“ да го ангажираат населението во продуктивната возраст, а со оглед на стареењето на општеството, да привлечат повеќе доселеници од странство. Освен тоа, Европа треба да се погрижи за подобро образование на мигрантите, моментно околу половината од нив не се доволно квалификувани, вели студијата на Светската банка.

Автор: ЖА/ афп

Редактор: Александра Трајковска