1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светскиот транспорт во криза

27 мај 2009

Во Лајпциг се одржува Меѓународниот форум за транспорт. Тема е: „Сообраќајот и глобалната економија: предизвици и шанси во економската криза“.

https://p.dw.com/p/Hy5R
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Светски сообраќаен форум е всушност погрешен израз за она што на англиски се нарекува Меѓународен форум за транспорт, ИТФ, и од 2008 година се одржува во Лајпциг. Форумот, чиј основач е ОЕЦД (организација за економска соработка и развој) се занимава пред се‘ со транспортот во индустриските земји. Во светскиот сообраќаен форум членуваат 52 држави, и тие го користат за дискутирање на темите од сообраќајот од светско стратешко значење. Оваа година главна тема е „Сообраќајот и глобална економија: предизвици и шанси во економската криза“. На форумот не учествуваат претставници на владите, туку од траснспортните претпријатија и науката.

Како да се ублажат последиците од кризата?

Без транспорт, нема глобализација, без глобализација, нема стопанство. 52-те земји-членки и заинтересирани претставници на транспортното стопанство се собраа за да дискутураат како да се справат со светската економска криза и како нејзините последици да бидат намалени во оваа бранша. Зашто, таа е една од првите на ударот на кризата, како што потенцира Михаел Цирпел, портпаролот на ОЕЦД за светскиот сообраќаен форум: „Кога постои економски развој, волуменот на транспортот значително се зголемува. Сообраќајот е средство за глобализацијата. Сега имаме обратен ефект, собраќајниот сектор е особено силно погоден. Додека економскиот развој ќе биде намален за четири проценти, производството за околу два, светската трговија за околу 10 проценти, сообраќајниот сектор е погоден в срце. Се очекува пад од веројатно 20 проценти, во некои области и повеќе. Само во патниот сообраќај во светот се затворени 140 илјади работни места.“

Ein Container des Hamburger Transport- und Logistikkonzerns Hapag-Lloyd TUI will zum Containerriesen aufsteigen
Транспортен центар во ХамбургФотографија: dpa

Првите два дена на Форумот се посветени на транспортното стопанство и науката, в четврток и петок ќе се активираат политичките учесници, за да ги дискутираат и претстават програмите и идеите за активно справување со кризата во транспортниот сектор. Се работи пред се‘ за индустриските земји, САД, Канада, Мексико, цела Европа, Русија и Украина, освен тоа и Индија и Австралија се членки на Форумот. Во Лајпциг се поканети и Кина и Бразил. Отсутни се Африка, земјите од Блискиот Исток, многу азиски земји, накратко, сите земји во развој.

Неодминлива тема е и екологијата

Неспорно е дека транспортот игра клучна улога не само во светската економија, туку и за екологијата. Темите екологија, промена на климата и енергетска ефикасност, поради актуелната економска криза, се потиснати во заднина, но глобално, браншата на транспортот е одговорна за 24 проценти од емисијата на ЦО2. Затоа овие теми се неодминливи и во економска криза, потенцира Михаел Цирпел:

Ford Autos werden mit Barco Ford verschifft
Фотографија: AP

„Мораме да работиме на подобри технологии, подобра ефикасност. Сметаме, на пример, дека преку натамошно усовршување на постојните технологии во областа на автомобилите до 2050 година потрошувачката, а со тоа и емисијата на ЦО2, може да биде намалена за 50 проценти. Соодветната иницијатива се нарекува „фифти-фифти“. Притоа не се работи и за натамошниот развој на електромоторите, хибридизацијата итн., туку за денеска постојните мотори на согорување со расположивите технологии и нивниот натамошен развој.“

Ова со сигурност не е она што сакаат да го чујат политичарите од индустриските нации. Во конјунктурните пакети и натаму се става акцент на индивидуалниот сообраќај, изградбата на патната мрежа и волуменот на транспорт, со фатални последици за екологијата и климата. Но, и најинтелигентниот сообраќаен систем не може да го промени фактот дека фосилните горива се одговорни за промената на климата, а за тоа е потребна промена не само во методите, туку и во количината. Затоа Михаел Цирпел предлага инвестирање во енергетски ефикасни сообраќајни системи, а во градовите поголема ориентација кон пешачки зони и користење велосипеди.

Автор: Хеле Јепесен / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска