1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светски прваци на срцата

9 јули 2006

Јирген Клинсман и неговиот тим денеска напладне пристигнаа во Берлин да се заблагодарат кај своите навивачи. На веќе познатата фен миља меѓу Бранеденбушката капија и Столбот на победата, репрезентацијата уште еднаш беше пречекана со воодушевување од повеќе 500.000 навивачи.

https://p.dw.com/p/Ac57
Благодарам Германија
Благодарам ГерманијаФотографија: AP

Еден ден по победата од 3 спрема 1 над Португалија Јирген Клинсман и неговиот тим дојдоа на најголемата миља во Германија да им се заблагодарат на своите навивачи. Пречекани со голем аплаус играчите но и целиот тренерски и лекарски тим се качија на бината пред Бранденбуршката капија.

Први на бината во центарот на герамнскиот главен град се појавија двајцата голмани Јенс Леман и Оливер Кан заедно со Тимо Хилдебранд. По нив следуваа и останатите играчи од тимот. Секој од нив поединечно и се забладгодари на публиката, а оние најсреќните добија и фудбалска топка, зошто секој член на германската репрезентација на бината се појави со фудбалска топка која овој пат не ја шутираа во голот, туку во масата навивачи. На крајот се појави и капитенот Михаел Балак кој шегувајќи се извади мало ливче од чорапата на голманот Леман и го прочита на публиката„Благодарам, Благодарам, Бладгодарам“ рече Балак.

Истите зборови ги изговори и тренерот Клинсман „Не, може само да кажеме илјада, илјада илјада благодарам, беше фантастично. Вие сте неверојатни заеднички се се може, а ние цело време овој пат го одевме заедно. Ова ни претставуваше задовлство.“

И покрај огромното расположение, и непрекинатиот аплаус, германскиот тренер не сакаше да одговори на прашањето кое ја засега целата нација: дали популарниот Клинси ќе остане тренер на репрезентацијата „Ова што овдека се случува е вистинско лудило, и она што се случуваше изминативе денов е неверојатно и сеуште не можам да сфатам. Но ве молам дај те ми уште неколку денови.“

Но за германската репрезнтација е врзан и уште еден куриозите имено тимот на Клинсман пред секој натпревар ја пееше песната на популарниот печјач Ксавиер Најду „Дизер вег“ и тоа им донесе среќа, а виновник за тоа е репрезентативецот Асамоа. Зошто „Случајно ја чув песната и едноставно таа одговра на репрезнетацијата, ја запеав и сите почнаа, па постојано ја пеевме во кабината.“

Кога првпат чу за ова беше изненаден и самиот Најду, но брзо го прифати фактот па затоа денеска дојде и на фен миљата во Берлин и за момците кои станаа Светски прваци на срцата, но и за нивната публика која репрезнтативците денеска ја нарекоа Светски првак во навивање уште една ја испеа „Дисер Вег“ „Овој Пат“.

На крајот на бината се појави и бендот Шпортфројнде Штилер, кој со измнент текст на нивниот хит изразија надеж дека 2010 година во Јужна Африка ќе се освојат не само срцата туку и покалот.