1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свечен дочек за ракометарите

28 јануари 2012

По освојувањето на 5-то место на ЕП во Србија и пласманот на еден од предолимписките турнири, македонските ракометари историскиот успех ќе го прославата заедно со навивачите на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

https://p.dw.com/p/13sJ7
Дочек за ракометаритеФотографија: DW

Агенцијата за млади и спорт денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје организира свечен пречек за ракометните репрезентативци на Македонија кои го освоија петтото место на Европското првенство во Србија и со тоа обезбедија учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.


ЈСП „Скопје“и Град Скопје ќе обезбедат бесплатен превоз за 500 граѓани со 10 автобуси, кои во 11:30 часот од пред СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе тргнат да ги пречекаат ракометарите на граничниот премин Табановце и потоа ќе бидат дел од конвојот со кој македонската ракометна репрезентација ќе пристигне на плоштадот „Македонија“.


Пречекот на граничниот премин Табановце ќе биде во 13 часот. Во13:30 часот конвојот со ракометарите ќе биде пречекан пред ТЦ „Бисер“ во општина Аеродром, а во13:45 часот пред комплексот банки за во 14 часот да пристигне на централна прослава на плоштадот „Македонија“.


ЈСП „Скопје“од 12 до 16 часот ќе обезбеди и бесплатен превоз на сите линии кои водат кон централното градско подрачје.

Македонија вчера во Белград во натпреварот за 5-то место ја победи Словенија со 28:27, полувреме 16:12. Репрезентацијата на шампионатот кој завршува в недела, постигна скор од четири победи, еден нерешен резултат и два порази.

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: Александра Трајковска