1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Себастијан Фетел-најмладиот шампион во Формула 1

Zana Aceska15 ноември 2010

Германецот Себастијан Фетел е новиот шампион во Формула 1. Фетел победи на последната трка во Абу Даби и стана најмладиот шампион во историјата на Формула 1.

https://p.dw.com/p/Q8lc
Фетел го заслужи победничкиот пиедесталФотографија: picture-alliance/dpa

Себастијан Фетел трката ја започна од пол позицијата и прв мина низ целта. Фернандо Алонсо заврши седми, а му беше потребно четврто место за освојување на титулата.

Formel 1 Sebastian Vettel Red Bull Weltmeister
Фотографија: AP

Шпанецот пред почетокот на трката водеше во генералниот пласман и беше најголем фаворит за титулата, но одлуката на тимот да влезе во боксот пред Фетел и Луис Хамилтон го одалечи од третата титула во Ф1. На второто и третото место завршија пилотите на Мекларен, Хамилтон и Џенсон Батон. Германецот Фетел со победата освои 25 поени, за вкупно 256 во генералниот пласман, четри повеќе од Алонсо, додека Марк Вебер, третиот возач кој имаше шанси за титулата, заврши на осмата позиција, со што остана трет во генералниот пласман со 242 поени.

Автор: ВК/СН/макфакс

Редактор: Жана Ацеска