1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја дозволува атомски контроли

СН/ЖА/ртр/миа/дапд20 март 2012

Меѓународната агенција за атомска енергија повторно е поканета да ја посети Северна Кореја. Поканата доаѓа три години откако инспекторите на агенцијата беа протерани од таа земја.

https://p.dw.com/p/14NhN
Фотографија: REUTERS/KCNA

Севернокорејското раководство се согласило на повторно започнување на меѓународите инспекции на делови на атомската програма на земјата. Меѓународната агенција за атомска енергија добила официјална покана од Пјонгјанг да испрати свои инспектори во Северна Кореја, соопшти портпаролка на агенцијата во Виена, Џил Тодор.

Таа прецизираше дека поканата била испратена на 16. март и оти агенцијата во Виена за деталите на посетата со Северна Кореја ќе разговара и со други заинтересирани земји.

„Се‘ уште ништо не е одлучено“, изјави Тодор.

По минатонеделната најава на Пјонгјанг за лансирање сателит, тензиите меѓу Северна Кореја и меѓународната заедница повторно се заострија. САД и Јужна Кореја се сомневаат дека зад ваквата најава всушност се крие таен ракетен тест.

Со тоа практично би се довел во прашање договорот меѓу Северна Кореја и САД од минатиот месец, кој предвидува Вашингтон да обезбеди помош во храна на Пјонгјанг, под услов земјата да ги прекине нуклеарните и ракетните тестови, облагородувањето на ураниум, како и да обезбеди пристап на меѓународните инспектори во земјата.