1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја се враќа на преговори

1 ноември 2006

Северна Кореја ја потврди подготвеноста за продолжување на шестпартитнтите преговори околу нејзината атомска програма. Министерствотот за надворешни работи во Пјонгјанг соопшти дека со тоа треба да се постигне укинување на санкциите од страна на САД. Америкаснкиот претседател Џорџ Буш од своја страна смета дека санкциите треба да се задржат, но ја поздрави подготвеноста за преговори.

https://p.dw.com/p/Ac22
Ракетни тестови
Ракетни тестовиФотографија: AP

Благодареност за Кина и пофалба за сопстевената министерка за надворешни работи. Американскиот претседател Џорџ Буш реагираше со воздржан оптимизам на најновата вест околу спорот со атомската програма на Северна Кореја. Тој се радува, но при краткиот настап во Белата куќа истакна дека престои уште многу работа.

Севернокорејската подготвеност, да се обноват шестпартитните преговори, сепак не дојде без отстапки од американска страна. Вашингтон, за новите преговори прифатил да се дискутира за големите финасиски санкции, кои САД ги воведоа против Северна Кореја, по што земјата во септември мината година ги прекина шестпартитните преговори и на почетокот на октомври годинава го спроведе првиот атомски тест.

Америкаснкиот преговарач, заменик министерот за надворешни работи Кристофер Хил истакна дека новите преговори во Севрна Кореја би можеле да почнат уште овој месец, најдоцна во декември. Но новата понуда за преговори, според американскиот претседател Буш нема да промени ништо во однос на санкциите кои за земјата ги воведоа ОН , на средината на окотмври “Во регионот ќе испратиме тимови за да утврдиме дека се спроведува резолуцијата и новите разговори да донесат резултат.”

Во резолуцијата на ОН се вели дека се забрануваат треговија со оружје со Северна Кореја, на сите производи кои влегваат и излегуваат од Севрна Кореја мора да им се изврши инспекција и да се замрзнат Северно корејските парични средства кои би можеле да се искористат за атомската програма на земјата. САД истакнаа дека дека во новата преговарачка рунда ќе се придржуваат до постиганите договр со Сверна Кореја во 2005 година: откажување од атомската програма за развојна помош и безбедносна гаранција. „И натаму ќе се пружаат напори кризата да се реши со мировни средства.“ смета американскиот претседател Буш.