1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја се заканува со нуклеарен напад

ЕМФ/ард7 март 2013

Непосредно пред донесувањето на одлуката за нови санкции на ОН врз Северна Кореја, Пјонгјанг им се закани на САД со нуклеарен напад.

https://p.dw.com/p/17ss6
Фотографија: imago/Xinhua

Портпарол на министерството за надворешни работи на Северна Кореја изјави дека земјата би можела да го искористи правото на превентивен напад против „главниот штаб на агресорите“, поради тоа што, како што се вели, САД подготвувале атомска војна против Северна Кореја.

Во текот на денов, Советот за безбедност на ОН треба да гласа за нови санкции против Северна Кореја. Тоа би била реакција на меѓународната заедница на тестирањето ракета со долг дострел од страна на Пјонгјанг во декември минатата година и на подземниот атомски тест во февруари годинава.

САД заедно со Кина, која е еден од последните сојузници на изолираната Северна Кореја, постигнаа согласност за предлог резолуција, во чиј фокус е ограничувањето на финансиски трансакции. Во текот на изминатите денови режимот во Пјонгјанг значително ја засили агресивната реторика. Во вторникот (05.03) Северна Кореја и‘ се закани на Јужна Кореја со крај на прекинот на огнот.