1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Седум дена со Мерилин Монро

Жељка Башиќ – Савиќ / Александар Методијев18 април 2012

Слики од Мерилин Монро можат да се најдат и 50 години по нејзината смрт на ѕидовите од тинејџерските соби. Ја сакаат и постарите припаднички на понежниот пол, а за мажите и не станува збор. За неа сега е снимен филм.

https://p.dw.com/p/14faE
Фотографија: The Weinstein Company

Филмот е снимен за иконата на женственоста, најпознатата блондинка на светот – актерката Мерилин Монро. Филмот од утре е во германските кина. Во текот на краткиот живот сакаше светот да ја признае и на неа да гледа како на уметник и добра актерка, а правеше се’ за да си го оневозможи тоа за неа важно признание. Таа се избори само за етикетата секс симбол, бизарна личност и холивудска икона. Мерилин Монро реагираше и зборуваше дека секс симболот е само „предмет“ и дека тоа не сака да биде. А, ако сакаа, можеа да и’ оддадат признание на добра актерка, бидејќи таа тоа и беше.

Сепак, и новото појавување на славната „наивна нимфа“ на големото платно е поврзано со признанието на еден припадник на посилниот пол кој реши со остатокот од светот да ја подели својата голема тајна и да обелодени дека минал седум дена со Мерилин Монро.

Значи, филмот „Мојата недела со Мерилин“ е снимен според дневниците на асистентот на снимањето на филмот „Принцот и танчарката“ во Велика Британија во 1956 година. Колин Кларк ревносно запишал се’ што се случувало на снимањето. Главните улоги во филмот ги играа Мерилин Монро и Лоренс Оливие, а самото снимање било воедно и меден месец на Мерлинка со познатиот драмски писател Артур Милер. Делови од дневникот на вредниот асистент веќе се објавени во две книги во 1995-та и во 2009-та година.

Мишел Вилијамс во главната улога

Oscar-Verleihung 2012 Michelle Williams
Мишел Вилијамс се јавува во улогата на Мерилин МонроФотографија: dapd

Кога Артур Милер заминал од снимањето, асистентот се понудил славната актерка да ја запознае со животот во Велика Британија. Ако сето ова ви делува прозаично, па дури и банално, за тоа овојпат не можеме да ја обвиниме Мерилин Монро.

Насловната улога во филмот на Сајмон Кертис ја игра одличната актерка Мишел Вилијамс, а Кенет Брана го глуми ликот на Лоренс Оливие, а оној на Артур Милер – Даглер Скот. Изборот на актери во филмот за уметникот чие место до денес не успеа да го заземе некоја друга ѕвезда, исто така покажува дека „модерната Пепелашка“ вредеше повеќе од епитетите кои сурово и’ ги лепеа за нејзиниот живот.

Режисерот на еден друг филм „за нејзиниот лик и дело“ реќе дека за мажите таа беше предмет на сексуална желба, кој повикува на заштита. Тоа привлекуваше многумина припадници на посилниот пол да и ја понудат таа заштита и воедно да пораснат во своите и туѓите очи за некој сантиметар. За жените, велат, таа беше симбол за неправдата што тие мораат да ја трпат од мачо типовите.

Мерилин Монро ја нарекуваа Пепелашка која била принудена да живее во пепел. Критичарите во Германија исто така ги острат перата и фантазијата најавувајќи го најновиот филм за Норма Џин Мортенсен. Така може да се прочита дека на комично-трагичен начин на гледачите им се открива невообичаено интимен поглед во животот на холивудскат аикона, која имала кратка и емоционална врска со еден млад човек, кој ја разбирал подобро од кој било друг. А, што можевме друго и да помислиме!