1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Село на книгите

14 јули 2010

Реду е мало село во југоисточна Белгија. Пред 20 години селото се ориентирало кон книжарството. Речиси секоја штала е претворена во книжара и претставува антиквитет. Овде доаѓаат вљубеници на книгата од целиот свет.

https://p.dw.com/p/O61L
Селото минатата година ја прослави 25-годишнината од постоењетоФотографија: DW/ Henn

Селото во кое се одгледуваат и чуваат претежно крави се разбуди од долгиот сон, а со него и неговите жители. Тие многу им се радуваат на посетителите, кои секоја година доаѓаат околу 200.000 во нивното село. Причината зошто туристите доаѓаат во толкав број во некое мало село се книгите. На почетокот од осумдесеттите години неколкумина вљубеници во читањето книги дојдоа до една луда идеја, која чинеше злато. Реду да стане село на книги.

Bücherdorf Redu in Belgien feiert im Jahr 2009 25-jähriges Bestehen
Секоја штала е претворена во книжарницаФотографија: DW/ Henn

Филип Еврард преку книгите ја најде својата иднина во Реду. Пред повеќе од 20 години тој во селото отвори книжарница. Тогаш важеше за пионир на ова поле: „Се’ започна во оваа куќа. Во тоа време овде беше сместена една галерија за модерна уметност. Тоа беше прилично лудо, бидејќи овде немаше ништо. Реду беше најобично село. Сопственикот на галеријата дојде до идеја да се отвори книжарница“, објаснува книжарот Филип Еврард.

Во Реду ништо не е повеќе како порано

Bücherdorf Redu in Belgien feiert im Jahr 2009 25-jähriges Bestehen
Овде доаѓаат љубители на книгата од целиот светФотографија: DW/ Henn

Селото, на кое му се закануваше изумирање, доживеа нов расцут. Во 22 книжарници има регали долги по два километри на кои стојат најразлични книги за посетителите од целиот свет. Онаму каде порано имаше селски пивници, денес се наоѓаат кафулиња. „Селските жители се горди на Реду. Тие се горди што живеат во село, кое е познато и надвор од белгиските граници. Освен тоа, и финасиската положба на селаните се подобри. Многумина од нив можеа да ги продадат нивните имоти, како места за градење, по многу високи цени. Но, општината навистина се труди да ја задржи добрата стопанска положба на селото. Така на пример, се организира прослава за старите занаети поврзани со книгите.“

Овде се’ е од рачна изработка, исто како во времето на Гутенберг. Илустраторите секој цртеж го бојат со акварел бои и со многу љубов. Грегорие Вигнерон се занимава со средовековно коричење на книгите. За него Реду е многу повеќе, отколку само туристичка атракција: „Благодарение на организаторите во Реду се негуваат старите техники за книгите. Тие се дел од нашата култура и многу е важно да не ги заборавиме“, објаснува Грегорие Вигнерон.

Мир за читање!

Bücherdorf Redu in Belgien feiert im Jahr 2009 25-jähriges Bestehen
Регал со книги во некогашна штала за кравиФотографија: DW/Henn

Книжарницата на Паскал Гногнард се наоѓа на крајот од селото. Тој се специјализирал за стрипови, еден вид белгиска марка на препознавање. Пред 20 години тој од Брисел се преселил во Реду: „Квалитетот на животот овде е многу подобар. Селото се наоѓа среде шума. Нема врева, нема сообраќај или пак, полициски сирени како во градот.“

Книжарот Паскал не сака да се врати во Брисел. Тој во Реду го најде она што од секогаш го бараше. Мир за читање!

Автор: Рут Рајхштајн/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска