1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Селското стана светско

Фидел Таубе / Александар Методијев27 јуни 2012

Логото на Европското фудбалско првенство овие денови е сеприсутно во полскиот главен град Варшава. Фудбалското цвеќе е во националните бои на двете земји домаќини: црвено – бело за Полска и жолто – сино за Украина.

https://p.dw.com/p/15Hls
Фотографија: picture-alliance/dpa

И мажите и жените на првенството го сакаат логото на ЕУРО 2012. Прашани за симболот на првенството во Полска и Украина тие забележуваат:

„Логото е шарено и весело“, вели една жена.

„Треба да се навикнам на него, но мислам дека е ок“, забележува еден маж.

„Го имам логото на мојата маица, а освен тоа имам и топка со логото, а го имам и како налепница на автомобилот. Јас едноставно сум фан!“, вели една госпоѓа.

„Мислам дека е одлично, привлечно, многу убаво!“, забележува фудбалскиот фан.

„Прекрасно. Тоа изгледа како нашиот фолклор!“, смета една Полјачка.

Моделот за логото е традиционална фолклорна уметност „вицинанки“ – уметност на источноевропско „сецкање колажна хартија“.

Bildergalerie EM-Stadt Wroclaw boomt
Мотиви со „вицинанки“ можат да се најдат во полските продавници за сувенири - главни мотиви се цвеќињата, птиците и дрвјатаФотографија: DW

Ваквите уметнички дела се создадени во Полска и во Украина пред повеќе од 200 години во малите селца и на фармите. Цвеќињата и претходно беа главни мотиви во овие форми. Уметникот Катаржина К'мита од Вроцлав наново ја откри уметничката форма.

„Жените, кои ги имаат направено овие форми, со нив ја претставуваат руралната околина во која тие тогаш живееле – кокошки, дрвја, птици и цвеќиња. Јас во моите изработки не правам нешто поинакво од претставувањето на мојот свет – моето огромно, глобално село, во кое сум опкружена со симболи како МекДоналдс, Кока Кола, Пепси, од хипхопери и цртачи на графити“, вели уметникот Катаржина К'мита.

Во нејзината работа Катаржина К’мита ги поврзува старите форми со мотиви од денешниот свет. Таа е една од првите уметници во Полска кои ја продолжуваат уметничката форма со колажна хартија. На руралната идила таа и’ ги спротивставува модерните симболи. Тоа е свесно прекинување на традицијата.

„Овие форми беа целосно исчезнати од уметничката сцена, пред да започнам во 2004-та година да се занимавам со нив. Тие можат да се добијат најмногу во продавниците за сувенири. Мнозинството Полјаци ги сметаат овие форми за примитивни, селски. Јас сакам да го скршам токму овој имиџ“, вели К’мита.

„Вицинанки“ е уметност која бара големо трпение. Едно пресекување повеќе и Катаржина К’мита мора да започне сосема од почеток. Нејзините мостри таа ги сече со рака.

Fussball Polen Warschau UEFA EURO 2012 Eröffnungsfeier
Техниката стара 200 години, благодарение на логото на ЕУРО 2012, стана позната во целиот светФотографија: AP

Всушност, таа има студирано сликарство. Во меѓувреме целосно се определи за овие форми. За неа како уметник има многу паралели.

„Ножот или, пак, ножиците ги користам исто како молив и за мене нема разлика. Јас, така да кажам, цртам со ножиците, само што притоа паѓа парче хартија, ама токму за тоа и се работи“, вели К’мита.

Сепак, логото за Европското фудбалско првенство е создадено на компјутер, но ја има шаблонизираната структура и формата на старите исечоци од хартија.

Катаржина К'мита се радува дека источно-европската уметничка форма сега е позната во светот.

„Логото на ЕУРО 2012 ми се допаѓа многу и претставува убава композиција. Исто така и ова е модерна интерпретација на хартиената форма, исто како што јас правам со мојата работа“, вели К’мита.

Логото го носат и млади и стари. Значајно е исто така на една брза фудбалска партија визуелно да се даде поддршка.