1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сензација во Пјонгјанг

22 јуни 2007

Посетата на шефот на американскиот преговарачки тим Кристофер Хил на главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг во секој случај е сензација.

https://p.dw.com/p/AzKE
Кристофер Хил ненадејно атерираше во ПјонгјангФотографија: AP

Тој е првата висока официјална личност што по пет години ја посетува оваа земја.

Претходната вечер Хил спокојно посматраше еден натпревар на јапонската безбол – лига во Токио. Враќањето за Вашингтон беше одложено за еден ден со образложение: на Хил му е потребен кус одмор по диломатските активности во неколку држави. Но, одеднаш скршнување преку Јужна Кореја, директно за Пјонгјанг:

„Во понеделникот примивме покана и моравме бргу да реагираме„.

На тој начин повторно дојде до придвижување во преговорите за запирање на северно-корејските атомски постројки. Вусшност, со месеци траеше затишје, иако беше постигната согласност: кон средината на февруари Северна Кореја се согласи да ја запре спорната атомска програма во рок од 60 дена, до колку за возврат добие доволно нафта и ориз. Меѓутоа, Пјонгјанг не го почитуваше рокот со образложение дека нема пристап до 20-те милиони долари севернокорејски пари, депонирани во една банка во Макао. Чекот беше замрзнат на притисок на Американците. По компликувани постапки преку Русија и Кина, се чини парите повторно им се на располагање на властите во Пјонгјанг. Тие веднаш реагираа со гест на добра волја и повторно поканија посматрачи од Меѓународната агенција за атомска енергија. Се чини, сега е повторно на дофат запирањето на спорниот атомски комлекс во Јонгбјонг, што е основа за смирување на затегнатостите во регионот, изјави Хил во Пјонгјанг:

„Сакаме да продолжат шест-партитните преговори и се надеваме дека ќе го надополниме времето загубено во пролетните месеци„, изјави американскиот дипломат.