1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сепак средба Црвенковски Груевски

19 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhWD

Средбата меѓу македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски ќе се одржи утре во кабинетот на шефот на државата. Ова денеска го потврди премиерот во писмо упатено до претседателот. Средбата беше доведена во прашање по кавгата меѓу двата кабинета околу локацијата. Црвенковски и Груевски треба да разговараат околу реформите во судството и докомплетирање на Судскиот совет, а не се исклучува да стане збор и за пополнување на испразнетите амбасадорски места. За утре попладне е закажана и средба на претседателите на четирите најголеми политички партии во земјата посветена на судските реформи. Премиерот Груевски го покани и претседателот да присуствува на состанокот.