1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серија бомбашки напади врз железницата во Мумбај

12 јули 2006

Индиската полиција утринава во градот Мумбај со помош на кучиња врши детална истрага на остатоците од неколкуте железнички вагони кои вчера беа цел на неколку експлозии. Според последните информации во серијата екпслозии загинале најмалку 174 лица а 500 се повредени. Индискиот премиер Манмохан Синг е сигурен дека нападите се дело на терористи

https://p.dw.com/p/Ac54
Фотографија: AP

Индиската полиција во близина на една од железничките пруги пронајде неколку експлозивни материјали кои треба да преставуваа витале доказа за откривање на сторителите на нападите. Се претпоставува дека тие биле изведени со помош на пластичен експлозив

Амбулантни возила во текот на ноќта ги пренесуваа повредените во болниците во Мумбај поранешен Бомбај. Силен монсунски дожд ја попречуваше работата, а застојот во сообраќајот само предизвика дополнителен проблем. Семејствата на настраданите очејнички трагаа по исчезнатите.

Очевидци зборуваа за патници кои во експлозијата излетувале од прозорците на вовот. Силната експлозија на некои места ги преполовила железничките вагони и ја оштети пругата. Седумте експлозивни направи беа активирани доцна попладнето кога локалниот сообраќај е посебно густ. Бомбите експлодираа во рок од десет минути. Едеен од преживеаните вели:

„ Јас и еден пријател седевме во првата класа на возот. Одеднаш се случи силна експлозија. Не знаевме за што се работи. Само видов како луѓе паѓаат и тогаш и нние легнавме на подот„

Индискиот премиер Манмохан Синг за време на кризниот состанок на кабинетот истакна дека координираните напади се дело на терористи. Засега е сеуште нејасно кој стои зад нив. Во изминатите неколку години во регионот се случија неколку напади на муслиманските екстремисти. Многумина од нив се активни во Кашмир и имаат врски со Пакистан. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф синоќешните напади ги осуди како уижасен терористички чин. Индискиот министер за внатрешни работи Шиврај Патил во Њу Делхи беше прилично вбнимателен:

„ Мопже да се претпоставува која би можело да биде позадината на овие напади. Може да се дојде до сигурни закључоци, меѓутоа ние најпрвин сакаме да имаме целосни информации кои ќе ги анализираме. Пред тоа како влада не можеме да дадеме никаков коментар. Имаме одрдени закључоци кои ќе ги презентираме дури кога ќе бидеме целосно сигурни„

Премиерот на сојузната покраина Виласрао Дешмук ги повика граѓаните на ред и мир:

„ Апелирам до населението да реагира разумно. Истрагата е во тек. Виновниците ќе бидат уапсени. За тоа ќе се погрижи владата. Тоа што се случи е болно, но апелирам до сите да останат мирни„

Инаку во блиското минато на Индија, по насилствата се случуваа религиозно мотивирани нереди. Пред се до судири меѓу мнозинството хиндуси и муслиманското малцинство во земјата чие население со брои во милијарди.