1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серија земјотреси предизвикаа паника во Скопје

БГ12 септември 2016

Земјотрес со умерена јачина и серија потреси по него, предизвикаа паника и страв во Скопје вчера. Многу граѓани ноќта ја минаа под отворено небо.

https://p.dw.com/p/1K0Ie
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Серија земјотреси вчера во погодија Скопје, од кои најсилниот со магнитуда од 5.3 степени. Потресите предизвикаа нервоза и паника кај граѓаните, од кои голем дел ноќта ја минаа под отворено небо, стравувајќи од нови земјотреси.

Првиот послаб земјотрес бил почувствуван рано утрото во неделата, а најсилниот попладнето. По него следувале уште неколку потреси со послаб интензитет.

Серија земјотреси предизвикаа паника во Скопје

Никој не бил повреден во земјотресите, но многу граѓани се пожалиле на повреди откако во паника ги напуштале своите домови.
Според официјалните податоци, најмалку 30 граѓани побарале лекарска помош, од кои тројца биле задржани на болничко лекување.

Според Сеизмолошката служба, главниот земјотрес го следеле уште 10 помали потреси. Мала материјална штета е пријавена на некои постари згради.

Епицентарот на потресите бил во околината на Скопје, кое важи за трусно подрачје. Во 1963 година, катастрофалниот земјотрес го срамни со земја градот и однесе над 1.000 човечки животи.