1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серија напади во Ирак

25 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B1Bq

Најмалку 25 лица загинаа во серијата бомбашки напади во текот на последното деноноќие во Ирак. Седум лица загинале во самоубиствен бомбашки напад во еден хотел во Багдад. Осум лица загинаа а 30 се ранети во самоубиствен бомбашки напад пред еден полициски регрутен центар во градот Хила. Агенциите јавуваат и за бомбашки напад во градот Баиџи во кој загинале десет лица. Засега никој не ја презеде одговорноста.