1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеуште нема согласност за предлогот на Саркози за Косово

8 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/ApUN

Лидерите на Г8 на самитот во Хајлигендам сеуште не постигнале договор околу предлогот на францускиот претседател Николас Саркози за шестмесечно одложување на гласањето на резолуцијата за идниот статус на Косово во советот за безбедност. Саркози претпладнево изјави дека неговиот предлог бил разгледуван до доцна синоќа, но сеуште нема напредок. Косовскиот премиер Агим Чеку побара од Западот да не ја „изневери довербата“ на косовските Албанци, како и дека секое одлагање на решението ќе предизвика растечко незадоволство на Косово. Српскиот премиер Воислав Коштуница воочи утрешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петерсбург, изјави дека е време да се покренат нови идеи за нови преговори за разумно решение за статусот на Косово.