1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сејдиу: независноста на Косово не е тема за преговри

8 јули 2007

Ѓ

https://p.dw.com/p/BDik

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу изјави дека не може да се преговара за независноста на Косово. „Во текот на целиот процес ние бевме конструктивни и така и ќе продолжиме заедно со меѓународната заедница“ – рече Сејдиу по враќањето од Берлин и средбата со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Притоа, според него, станало збор и за тешкотиите со кои се соочува процесот на дефинирањето на статусот на Косово поради противењето на Русија. Сејдиу искажа надеж дека Германија и други фактори во ЕУ ќе се ангажираат за надминување на дилемите што можат да ги имаат некои членки на ЕУ и повтори дека во случај на поголеми одложувања во процесот, „Косово во соработка со ЕУ и други земји ќе бара алтернативни патишта за финализирање на статусот“.