1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бара храбра иницијатива

14 ноември 2006

Американската политика по средбата Буш-Олмерт

https://p.dw.com/p/Advp
Олмерт и Буш во Белата куќа
Олмерт и Буш во Белата куќаФотографија: AP

Израел е загрижен поради евентуалното атомско вооружување на Иран,за ова разговараа израелскиот премиер Ехуд Олмерт и американскиот претседател Џорџ Буш во Белата куќа.Иако,двете земји во моментов се во дефанзива со оглед на состојбата во Ирак,Либан и Иран.Излез од дефанзивата би била храбра дипломатска иницијатива,коментира Даниел Шешкевиц.

Како само се променија времињата.Кога израелскиот премиер Ехуд Олмерт и американскиот претседател Џорџ Буш последен пат се сретнаа во Белата куќа,се чинеше дека светот на Блискиот исток е релативно во ред.Олмерт го изложи тогаш својот амбициозен план за повлекување од Западниот брег,а претседателот Буш можеше да го наведе создавањето на првата влада во Ирак како успех.Тогаш се чинеше и дека светот може да го принуди Иран на попуштање во врска со неговата атомска програма.

Во меѓувреме сите овие надежи се покажаа како повеќе од илузии,во Ирак владее де факто граѓанска војна,а во Либан коалицијата која ја чинат Сирија и Иран се заканува да ја турне владата во корист на Хезболах.Од американско израелски аспект состојбата не можеше да се влоши подраматично.Но,можеби би помогнале малку храброст и надеж,како што формулираше во 2002 година американскиот претседател Џорџ Буш при поддршката за независна палестинска држава.Или пак кога го поддржа во 2003 година претходникот на Олмерт,Ариел Шарон во неговиот план за повлекување од појаост на Газа.

Сега,кога Палестинците прават напори за формирање коалициона влада на Хамас и Фатах,Олмерт би можел да го искористи мигот и да и понуди разговори на таа влада.Буш од своја страна би можел да започне прегвори со Сирија,како што очигледно го советуваат експерти како поранешниот министер за надворешни работи Бејкер.Со цел да ја растури коалицијата на Асад со Техеран.Поттикот за Дамаск би бил мир со Израел и враќање на Голанската висорамнина,што на сириската влада би и донело престиж и добивање територија,а на израелската влада мир на овој фронт.

Со тоа веројатно гордиевите јазли на Блискиот исток ни оддалеку не би биле разрешени,но тогаш Израел и САД би можеле да вдишат малку подлабоко.Сирија како дел од модерна коалиција на сунитските арапски држави би можела поволно да влијае и врз состојбата во Ирак.Состојбата статус кво во секој случај на двете држави не им носи ништо.Со малку доверба би можел барем да биде запрен негативниот тренд на Блискиот исток.Моментот би бил поволен.Зашто,по победата на Демократската партија во САД,американскиот претседател Буш мора да преземе надворешнополитичка иницијатива.Притоа,доза израелска храброст добро би му помогнала.