1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се е подготвено за стартот на Светското првенство во фудбал

9 јуни 2006

Денеска во Минхен со свеченоста на отворањето започнува Светското фудбалско првенство 2006 во Германија. Германците веќе се месеци се во фудбалска треска. Првиот натпревар почнува во 18 часот: честа први да играат ја имаат домаќинот Германија и Коста Рика. Организаторите на шоуто се чувствуваат исклучително добро подготвени за Светското првенство:

https://p.dw.com/p/Ac5x
Конечно може да почне!
Конечно може да почне!Фотографија: picture-alliance / dpa

Германија е во треска пред почетокот на првенството. Во голем број градови во изминатите денови се одржаа забави и средби на навивачите. Радоста пред почетокот може јасно да се забележи и кај сојзуниот тренер Јирген Клинсман:

„Мислам дека расте возбудата. Се радуваме што конечно ќе започне, се радуваме на првиот натпревар за кој долго се подготвуваме. Атмосферата во екипата е одлична„.

Првиот натпревар ќе се одигра во Минхен, односно во Баварија, позната по пецифичните народни танци, кожните пантолани и минхенскиот Октоберфест. Пред првата судиска свирка, за 60-те илјади посетители на стадионот и очекуваните околу милијарда телевизиски гледачи, значи, ќе има многу баварска култура, но не само тоа. Режисерот Кристијан Штикл во неговата инсценација се ориентираше според мотото на првенството:„Светот на гости кај пријатели„:

„Вкупно имаме илјада луѓе во шоу-тимот кои делумно ќе презентираат традиционални игри, но делумно и сосема модерни. Шаренило и многу радост. Ќе трае само 25 минути и се разбира, не може да се спредува со отворањето на олимписки игри. Се обидовме во тие 25 минути да направиме атмосфера„.

За атомсферата пред се треба да се погрижи настапот на фудбалската легенда Пеле. Заедно со топ-моделот Клаудија Шифер на теренот треба да го донесат пехарот на Светските првенства. Потоа следува средба со околу 170 живи светски прваци, што за Волфганг Миршбах од организациониот комитет е посебен емотивен момент:

„Во секој случај станува збор за светска премиера: пехарот во средината на теренот, покрај него сојузниот претседател опкружен со 170 живи светски прваци, значи со луѓе кои ја направија успешна приказната за светските првенства. Мислам дека тоа ќе има извонредна симболика„.

Од германските единаесет што беа светски прваци во 1954 година и кои девет години по завршувањето на Втората светска војна го направија до денес легендарното „чудо од Берн„ на церемонијата на отворањето ќе бидат Хорст Екел и Отмар Валтер. Германските единаесет од екипата светски првак во 1974 година ќе бидат комплетно присутни. Од екипата што во 1990 година до титулата светски првак како шеф на репрезентацијата ја водеше Франц Бекенбауер ќе недостига само Тоамс Хеслер. Во текот на подготовките за церемонијата, се разгоре спор околу говорот на отворањето. Бргу се проби мислењето дека не треба премногу да се зборува – конечно публиката сака да гледа фудбал. Долго беше загатка кој да држи говор: Франц Бекенбауер или шефот на ФИФА Јозеф Блатер. Во меѓувреме и тоа е расчистено: 18-сеттото светско првенство во фудбал ќе го отвори германскиот сојузен претседател Хорст Келер. Бекенбауер вели:

„Луѓето не сакаат да слушаат говори. Сметам дека некој мора тоа да го направи. И нема подобар од сојузниот претседател„.

Точка на церемонијата ќе стави популарниот германски поп-пејач Херберт Гринемајер кој ќе ја пее химната на првенството „Славете го денот„:

Потоа за милионите љубители на фудбалот и за претседателот на ФИФА Блатер, започнува најглавното:

„Церемонијата на отворањето и првиот удар: тогаш не само што ќе ми падне камен од срцето, туку тогаш моето срце ќе се отвори. Ќе можам да кажам: сега 31 ден ќе можам да ги гледам 64-те натпревари„.

Крисијан Штикл, режисерот на настанот, првиот натпревар нема да го мине на стадионот - ќе го гледа во блискиот шатор: заедно со својата екипа со која работеше со недели, ќе пие пиво.