1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се заострува ситуацијата во Украина

26 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anv5

Во Киев денеска продолжија преговорите меѓу украинскиот претседател Виктор Јушченко и премиерот Виктор Јануковиќ за надминување на политичката криза во земјата. Нивните синоќешни преговори не дадоа резултат. Во истовреме Јушченко им наредил поголем број специјалните полициски единици од внатрешноста да дојдат во главниот град. Според него се работи за рутинска постапка. Претходно германското претседателство со ЕУ изрази “голема загриженост од најновиот развој на настаните во Украина и апелираше до сите политички одговорни луѓе во земјата да се откажат од чекори кои може да доведат до натамошна ескалација.”