1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се‘ повеќе богаташи бараат батлери

11 април 2011

Во светот расте бројот на милијардери, а со тоа и потребата од професинални батлери. Дури и во Кина се бара послуга која е школувана на Запад.

https://p.dw.com/p/10m08
Батлерите се „на цена" ширум светотФотографија: The International Butler Academy,

Сигурноста и довербата најмногу се ценат во оваа професија. Во работните обврски на модерниот батлер денес често спаѓаат грижата за електронската пошта и контактите на неговиот работодавач на социјалната мрежа „Фејсбук“. Освен тоа, „тој ја презема организацијата околу патувањата на неговиот шеф. Од резервација на картите, пакување на куферите до нивното повторно распакување. Батлерот знае точно кога неговиот шеф или шефица треба да земе лекови и колкава доза“, вели оснавачот на Меѓународната академија за батлери во Холандија Роберт Венекс, кој 16 години работел како батлер. Подоцна работел како главен батлер во американската амбасада во Бон. Со цел и другите да имаат полза од неговото искуство и пред се’ од контактите што ги стекнал, Роберт пред седум години се одлучил да отвори училиште за обука на батлери и да посредува при барањето работа. Осумнеделниот курс што го организира училиштето Венекс чини 13.750 евра и се наоѓа во еден замок во местото Валкенбург во Холандија. Тренингот трае седум денови во неделата и трае 12 часа на ден. Овде е вклучена и вежбата со ноќната тревога. Имено, доколку дојдат „ненадејните гости“ студентите-батлери треба да им сервираат шампањско или ноќна вечера на гостите. Дел од обуката се и вежбите во „сериозни ситуации“. На пример, да му се укаже прва помош за онесвестениот шеф.

Оној кој има побелена коса има подобри шанси да биде примен на работа

Robert Wennekes
Се бараат лојалност, доверба и животното иксуствоФотографија: Wim Hollemans fotografie

„Богатите луѓе што бараат послуга“, вели Венекс, „ покрај лојалноста и довербата, големо значење му придаваат на животното искуство.“ Најдоцна кога студентите како регрути во војска ќе застанат со бели ракавици и повторуваат на глас „Да господине!“, им станува јасно дека ова занимање не е за оние кои мислат дека секогаш се во право. Овде зборот „ не” не постои. Дури не пости ниту зборот „Да, но.....“ , објаснува еден од студентите на курсот. „Единствено што постои овде се желбите на вашиот работодавач.”

На батлерите им е тешко да имаат и сопствен живот

Затоа е многу тешко за луѓето што работат како батлери да имаат и сопствен приватен живот. Но, на потполно одрекување од формирање семејство не може никој да ги присили. Без разлика дали се работи за некои шеик, аристократ или холивудска звезда, работодавачите на нивните слуги им го гарантираат правото на годишен одмор и слободни денови. Така, годишната плата на еден батлер може да изнесува меѓу 65.000 и 200.000 евра, а добива на располагање и службен автомобил. Потребата за професионално батлери постојано расте во светот, особено во Кина. Таму годишно се бараат и до 100.000 батлери.

Автор: БОМ/ЖА/дпа

Редактор: Жана Ацеска