1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се’ помалку надежи за Фосет

9 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Be2m

Потрагата по американскиот авантурист Стив Фосет, кој исчезна пред околу една недела, е проширена врз површина од 44 илјади квадратни километри во пустинските предели на сојузната држава Невада. Во потрагата се вклучени 45 авиони и хеликоптери. Се’ помали се надежите тој да биде пронајден жив.

63-годишниот Фосет, кој држи 116 различни светски рекорди како пилот, ердиличар, летач со балони, возач на трки и екстремен спортист, исчезна при лет со мал авион над пустината.