1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се шири шенген зоната

27 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bx5v

До крајот на годинава ќе се укинат шенген границите меѓу старите и новите ЕУ земји членки. Ова стои во завршната декларација на состанокот на министрите за внатрешну работи на Унијата по дводневната неформална средба во Прага. Контролите на патничките и железничките премини треба да се укине на 21 декември годинава, а на аеродромите на пролет 2008 година. Во шенгенскиот простор сега нема да влезе само Кипар кој побара одлагање на една година за да може да ги реализира неопходните подготовки за влез во шенген системот.