1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Сидр“ го опустоши Бангладеш

17 ноември 2007

По налетот на циклонот „Сидр“ властите во Бангладеш стравуваат дека ќе расте бројот на жрвите,но многу лица се сметаат за исчезнати.До сега се откриени 1000 настрадани.ЕУ веќе одобри итна помош за настраданите подрачја.

https://p.dw.com/p/CILU
Многумина останаа без покрив на главатаФотографија: AP

Воени бродови и хеликоптери денеска се обидуваат да стигнат до најпогодените подрачја од циклонот „Сидр“. Се уште немаат контакт со јужниот брег на Бангладеш кој е најпогоден. Бројот на жртвите се искачи на 1000, но властите стравуваат дека крајниот биланс може да биде неколку илјади настрадани. Се уште многу луѓе се водат како исчезнати.

„ Поголемиот број жртви настрадале како последица на повреди. Зборуваме за силен ветар кој дувал со над двесте километри на час. Многу куќи не го издржаа налетот на ветрот и ударите на водата“, вели шефот на УНИЦЕФ во Бангладеш Луис Арсенолт.

Многу улици се поплавени со вода, а голем дел населби, особено во главниот град Дака се без струја и телефон. Стотици илјади лица се евакуирани.

„Бурата изминатата ноќ беше многу силна. Ни ја разурна куќата. Се што имавме ни е уништено. На полноќ моравме да избегаме со децата, “ вели еден од преживеаните.

Одобрена итна хуманитарна помош

Властите веќе од воздух фрлаат хуманитарна помош и храна во настраданите подрачја. ЕУ одобри итна помош од 1,5 милиони евра, а Германија стави веднаш на располагање околу 200 000 евра за хуманитарни цели.

Силни циклони го погодуваат Бангладеш секоја година. Најголемата катастрофа е забележана во 1970 година, кога загинале над 500 000 лциа, додека во 1991 година во слично невреме настрадале 143 000 луѓе.