1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен земјотрес во Јапонија

1 јануари 2012

Земјотрес со јачина од 7 степени денеска ја погоди Јапонија. Според досегашните информации нема повредени, ниту посериозни последици иако силно се занишаа зградите во Токио.

https://p.dw.com/p/13cUp
ТокиоФотографија: Creative Commons/Poppy

Епиценаторт на земјотресот е регистриран во близина на островот Торишима, на околу 560 километри јужно од Токио, а ценатрот на земјотресот е лоциран на длабочина од 370 километри, соопшти јапонскиот Центар за земјотреси. Земјотресот се случи во 14 часот и 25 мунути по локално време. Предупредување од цунами не е издадено.

Во Токио, каде што важат строги градежни прописи поради тоа што градот лежи во трустно подрачје, се занишаа повеќе висококатници, соопшти метеоролошката служба. Железничкиот и воздушниот сообраќај меѓутоа се одвиваа непречено. Исто така не беше прекинато ниту финалето за Покалот на кралот, важен фудбалски турнир во Јапонија. Во Дизниленд во Токио пак некои од забавните објекти запреа автоматски, но кратко потоа продолжија со работа.

Јапонија е земја која често е погодена од земјотреси. На 11-ти март минатата година земјотресот со јачина од 9 степени предизвика и цунами. Двете природни катастрофи опустошија големи делови од северозападниот дел од земјата и ја предизвикаа и нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Автор: АТ/ ЖА/ афп

Редактор: Ж. Ацеска