1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силен земјотрес и 87 афтершокови на Филипини

ЕМФ /агенции
11 февруари 2017

Во земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала на југот на Филипините загинаа најмалку 6 лица. Повеќе од сто луѓе се повредени.

https://p.dw.com/p/2XNul
Philippinen Vier Menschen bei Erdbeben ums Leben gekommen
Фотографија: Reuters/Str

Покрај големиот потрес, во градот Суригао на островот Минданао цела ноќ имаше афтершокови. Многу луѓе ја минаа ноќта на отворено. Илјадници жители на градот, поради страв од можно цунами, побегнаа во повисоки региони.

Мануел Сервантес раскажува:

„Моето семејство и јас веќе бевме заспани кога околу 22 часот почна сѐ да се тресе. Беше навистина силен потрес.“

Во провинцијата Суригао дел Норте дојде до прекини на електричната мрежа. Повеќе објекти, меѓу кои и два моста, се урнати.

Суригао дел Норте се наоѓа на 730 километри јужно од главниот град Манила. При последниот голем земјотрес на Филипини, во октомври 2013 година, загинаа повеќе од 220 лица.

„Беше навистина силен потрес“