1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Синдикатите бараат по „критиката на капитализмот„ да уследат конкретни мерки

1 мај 2005

Во Германија годинава првомајските собирања на синдикалците носат белег на разгорената дебата за лицето и опачината на капитализмот.

https://p.dw.com/p/AcFt
„Job-parade„ - парада за повеќе работни места во градот Шверин
„Job-parade„ - парада за повеќе работни места во градот ШверинФотографија: dpa

Здружението на германските синдикати по повод Денот на трудот апелира до владеачката социјалдемократска партија да преземе конкретни мерки по критиката на сметка на капитализмот, што неодамна ја искажа шефот на партијата Франц Минтеферинг.

„Актуелната дискусија на кусо насловена како критика на капитализмот влева надеж дека луѓето не дозволуваат да им се продава магла. Тие знаат што е погрешно во нашата земја и тие знаат што е нечесно во нашата економија... Тоа важи и за реформите што го носат името Харц 4, вклучувајќи ги работните места за по едно евро на час. Фактички за масовната неврабнотеност не е виновна државата, туку претприемачите, кои не инвестираат. За милионите ѓраѓани во оваа земја сепак е одговорна владата. А ние ќе ја прифатиме критиката на погрешниот развој дури тогаш, кога ќе уследат конкретни мерки.„

Во голем број шефовски бироа ширум Германија владее чиста алчност по уште поголем профит и потополно заборавање на достоинството на работниците, оцени шефот на Здружението Михаел Зомер на централната свеченост во градот Манхајм.

Никој не смее да ги третира работниците како луѓе од пониска класа и да ги деградира на обичен фактор на трошок во производниот процес.

Зомер пред повеќе илјади учесници на манифестацијата се изјасни и за воведување на европски стандарди за оданочување на претпријатијата, со што ќе се спречи уценувачкото однесување на концерните, кои се закануваат дека ќе ги префрлат производните погони во други земји со попогодна даночна политика и поефтина работна сила.

Шефот на најсилниот струков синдикат во Германија, оној на металската бранша, пак, на собирот во Франкфурт критизираше дека менаџерите си ги полнат се повеќе џебовите, додека општото ниво на платите е во постојано опаѓање од 1991-та година на ваму. Забележливо е драстичното зголемување на платите на топ-менаџерите на по околу 2,5 милиони евра годишно, што е покачување за цели 11% во однос на претходната година. Така доаѓа до неправедна распределба на заеднички создадениот напредок, нагласи Јирген Петерс.