1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириската опозиција јавува за нов масакр

ЕМФ/афп26 август 2012

Во градот Дараја, југозападно од сирискиот главен град Дамаск, според активисти за човекови права, пронајдени се околу 320 тела. Повеќето од жртвите се веројатно убиени во изминатите денови.

https://p.dw.com/p/15wt8
Фотографија: Reuters

Сириската Опсерваторија за човекови права, која има седиште во Лондон, соопшти дека најголемиот дел од жртвите се веројатно убиени за време на офанзивата на сириската армија во текот на изминатите денови. Владините трупи, како што тврдат сириски активисти, пред пет дена почнала голема офанзива во Дараја за да ги протераат бунтовниците од градот, кој инаку има околу 200.000 жители. Од вчера (25.08) во градот се пронајдени околу 320 тела на убиени. Опсерваторијата за човекови права своите податоци ги потпира врз изјави на бунтовници и на очевидци. Нивните наводи немаат потврда од независни извори.

Сириското раководство крваво го задушува протестот во земјата од март 2011 година. Оттогаш, според наводи на Опсерваторијата во Лондон, убиени се околу 25.000 луѓе. Август, иако не е завршен, веќе е најкрвав месец во досегашниот тек на конфликтот - загинаа повеќе од 4 илјади луѓе.