1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалски камп среде пустина

Т.Кремер,Н.Абулхаг/ С. Недевски17 октомври 2013

Околу 120 илјади Сиријци живеат во јорданскиот Затари, вториот по големина бегалски камп во светот. Криминалот и насилството тука беа секојдневие. Меѓутоа состојбата се подобрува...

https://p.dw.com/p/1A0dv
Фотографија: picture-alliance/dpa

Море од шатори во крем боја и од бели контејнери за живеење се рефлектира на врелото попладневно сонце. Бегалскиот логор Затари на северот на Јордан, среде пустина, во моментов е последната станица за околу 120.000 сириски бегалци, кои сакаа да избегаат од граѓанската војна во својата татковина.
Ибрахим е тука веќе една година. Овој млад пекар со своето семејство од местото Дера одлета за Јордан. Семејството имало пекара во Сирија. Многу брзо во Затари отворија нова пекарница. „Кога стигнавме, имаше само готови јадења. Немаше дури ни леб“, се присетува младиот маж со шармантна насмевка. „Мојот брат имаше идеја повторно да печеме леб. Потоа во логорот прошверцувавме апарати и сѐ што ни беше потребно за тоа .“

Шопинг зона со ресторани

На почетокот печеа леб во шаторот на Високиот комесар на Обединети нации за бегалци (УНХЦР). Сега брановиднидниот лим и циради ја штитат пекарата од честите песочни бури. Големата рерна е срцето на импровизираната пекара. На понуда се тенки, округли лебови и слатки пецива. Се плаќа со сириска валута или јордански динар. „Почнавме скромно, но сега тука се разви пазар и добро ни оди“, вели Ибрахим.
Малку понатаму се нижат продавница до продавница- фризерски салони, мали ресторани. На „Елисејските полиња“, како што неки иронично ја нарекуваат главната улица во Затари алудирајќи на булеварот со луксузни продавници во Париз, има сѐ. Повеќе од 3.000 импровизирани продавници се наоѓаат на местото каде до пред само една година имаше песок и пустина. Логорот е подигнат за неколку дена во јули 2012. година.

Flüchtlingslager Zaatari Bäcker Ibrahim
Пекарот ИбрахимФотографија: DWTV/T.Krämer

Цел град од ништо

„Беше потребна една година бегалскиот камп да се развие во привремен град, благодарејќи на работата и на активностите на бегалците“, вели Килијан Клајншмит, менаџер на кампот на УНХЦР. Тој е некој вид градоначалник во Затари. Овој Германец е таму веќе 6 месеци, пред тоа беше во Сомалија. Тој пред сѐ научил едно нешто: да биде опуштен. А опуштеноста во Затари му е често потребна.
Криминални, паралелни структури и насилство долго беа главна тема во логорот. На 9 квадратни километри живеат околу 120.000 луѓе. До сириската граница има само 12 километри. Оттаму допира „мирисот на војната“- секој нов дојденец доживеал ужас. Тоа воопшто не е лесно опкружување за грижење за мирот и за безбедноста. Но Клајншмит гледа и промени: „Се променија и ставовите на луѓето во Затари. Сега сватија дека е ова нивна привремена татковина и оти засега ќе останат тука.“

Дневни трошоци- половина милон долари

Меѓународните помагачи инсистираат на дијалог: „Луѓето сега знаат зошто сме тука“, вели Клајншмит. Исто така, изградбата на инфраструктурата би требало да го подобри секојдневниот живот и да ја намали тензијата. Улиците ќе бидат асфалтирани, ќе биде воведена вода и струја. Сето тоа чини пари, дневните трошоци изнесуваат половина милон долари.
Иако помалку од изминатите месеци, логорот сепак продолжува да расте. Последните недели стигнуваат значително помал број бегалци, вели Клајншмит. „Очигледно има тешкотии со преминување на границата, патот е многу опасен. На само 10 километри оттука се водат жестоки борби.“
Границата ја преминаа илјадници луѓе и никој не ја знае точната бројка. УНХЦР секојдневно регистрира околу 150 бегалци- на пролет имаше и до 3.000. Ситуацијата се менува речиси секојдневно бидејќи не остануваат сите во логорот Затари- многу се обидуваат да најдат работа надвор од логорот. Некои дури се враќаат во воената област.

Flüchtlingslager Zaatari Bäckerei
Фотографија: DWTV/T.Krämer