1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сириски демонстранти нападнаа набљудувачи на Арапската лига

10 јануари 2012

Единаесетмина набљудувачи на Арапската лига, според наводи на организацијата, се лесно повредени во напад што го извршиле противници на режимот на Башар ал-Асад. Претседателот Асад денеска најави референдум во Сирија.

https://p.dw.com/p/13h6q
Фотографија: picture-alliance/dpa

Набљудувачите на Арапската лига биле повреднеи вчера (09.01) кога престојувале во градот Латакиа. Нивното возило било нападнато од страна на демонстранти, соопшти денеска претставник на Лигата. Според него, немало престрелка и ниту еден од набљудувачите не морал да се јави во болница поради повредите. Истовремено, Арапската лига остро го осуди нападот и го обвини сириското раководство дека не прави доволно за заштита на набљудувачите.

Асад најави рефeрендум во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој инаку ретко настапува јавно, денеска во говор на универзитетот во Дамаск, се покажа непопустлив. Ако Сиријците издржат, победата е блиску, рече денеска во говорот на универзитетот во Дамаск, сирискиот претседател Башар ал-Асад. Тој по којзнае кој пат обвини странски сили за бунтот во неговата земја. За оние кои употребуваат оружје за да убиваат луѓе, нема толеранција, нагласи тој, додавајќи дека поредокот во земјата ќе се врати ако против „терористите се употреби железна тупаница“. Сирискиот претседател за март најави одржување рефрендум околу нов устав во земјата. Истовремено, тој рече дека во земјата се неопходни реформи, но тие нема да се спроведуваат под притисок на протестното движење. „Ако една реформа е изнудена, таа нема да биде успешна“, нагласи Асад.

Syrien Assad Rede Januar 2012
Фотографија: dapd

Опозицијата на говорот на Асад реагираше со изјава дека во наредните недели очекува зголемување на насилството што режимот го применува против протестното движење.

Сирискиот претседател во говорот во јуни 2011 година, рече дека нема наредба за пукање врз граѓаните и дека тој е отворен за предлози за проширување на владата и нејзино отворање за сите политички сили. Во судирите во Сирија, кои траат со месеци, според проценки на ОН досега загинале околу пет илјади луѓе. Властите тврдат дека во текот на судирите, странски терористи убиле две илјади припадници на безбедносните сили.

Автор: ЕМФ/ дапд/ ртр/ дпа

Редактор: Александра Трајковска