1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отпор кон ЦЕТА

Даниел Хајнрих/сн3 септември 2016

Трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада ЦЕТА би требало да ја поттикне економијата од двете страни на Атлантикот. Но ЦЕТА има многу сериозни непријатели. Тие покренаа најголема граѓанска тужба во историјата на Германија

https://p.dw.com/p/1JvCj
Demo gegen CETA und TTIP in Brüssel
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Hoslet

Директорот на здружението „Повеќе демократија" Роман Хубер се’ уште е многу возбуден. Штотуку ја предаде тужбата во Сојузниот уставен суд во Карлсруе против трговскиот договор ЦЕТА. На Хубер и на неговите истомисленици најмногу им пречи клаузулата за арбитражни судови за инвеститори. „Не разбирам зошто се воведува некаков паралелен правен систем. И во ЕУ и во Канада живееме во правни држави“, се лути Хубер.

Најголем проблем Хубер не гледа во канадските фирми туку во американските кои низ овој договор преку своите 40.000 канадски подружници би можеле да покренат тужби против претставниците на државните управи. Тоа, како што смета Хуберт, би ги отворило вратите за тужби тешки милијарди евра.

Deutschland Roman Huber MehrDemokratie e.V.
Роман ХуберФотографија: MehrDemokratie e.V.

Широк спектар на противници

Ова е веќе петта тужба против ЦЕТА и далеку најопсежна. Покрај здружението „Повеќе демократија“ во тужбата се вклучија и останати организации како „Кампакт“ или „Фудвочерс“. Изминатите недели собраа 125.000 полномошни од граѓани за покренување на тужбата и во нивно име. Со овие потписи, собрани во над 70 картонски кутии, иницијаторите на движењето „Не за ЦЕТА“ тргнаа во Карлсруе.

Стручен автор на тужбата е келнскиот професор Бернард Кемпен. Тој, покрај во арбитражните судови, најголем проблем гледа во опасноста од отстапување од т.н. превентивен принцип кој се грижи за максимално намалување на опасноста за животната средина или човековото здравје. Овој принцип во Европа стапи во сила и кај материјалите за кои се’ уште не постои широк научен консензус кога е во прашање опасноста. Во случај на прифаќање на ЦЕТА, овој принцип би бил укинат. Но најсилната критика на Кемпен оди на сметка на ставката според која ЦЕТА и без согласност на националните парламенти може „привремено да се примени“ што низ годините би создало готови факти. За стапување во сила на оваа ставка доволна е само согласност од Европскиот совет.

Добри изгледи за успех на тужбата

На Роман Хубер и на неговите истомисленици во Карлсруе им е важно да нагласат дека во никој случај не се против глобализација или слободна трговија. „Ние само сакаме да се почитуваат правата на сите граѓани“, вели Хубер за ДВ. Хубер, која веќе преку 20 години се ангажира во цивилни движења во широката поддршка за отпорот кон ЦЕТА гледа еден вид тренд. „Гледаме некои индикации за општо незадоволство меѓу граѓаните. 125.000 потписи кои подразбираат тужба не се малку“, вели Хубер.

Deutschland Karlsruhe Menschenkette gegen CETA
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Но бројот на оние кои стојат зад тужбата нема да биде пресуден за резултатот на процесот. Пресудна улога ќе има проценката на судиите за т.н. „Мешан одбор“, орган кој би требало да управува со спроведување на ЦЕТА и кој ќе биде овластен понатаму да го развива овој договор. Најголем проблем е во тоа што во овој одбор не седи ниту еден претставник од некоја држава членка на ЕУ. Но според една поранешна одлука на Уставниот суд, според Лисабонскиот договор, значи некој вид устав на ЕУ, токму тоа мора да биде гарантирано. Тоа би значело дека, ако судиите од Карлсруе останат доследи себеси, Германката влада на 18. октомври во Советот на ЕУ не смее да гласа за договорот ЦЕТА.