1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ситуацијата во Дарфур се подраматична

19 ноември 2006

Во жестоките воздушни напади извршени од страна на суданската армија во изминатите денови во кризниот западен дел на земјата загинале голем број цивили .

https://p.dw.com/p/Ac1a
Координаторот на ОН за хуманитарна помош Јан Егеланд изрази голема загриженост за наслението во Дарфур
Координаторот на ОН за хуманитарна помош Јан Егеланд изрази голема загриженост за наслението во ДарфурФотографија: AP

Претставници на Африканската Унија но и на ОН сега предупредуваат дека суданската влада и милициите Џанџавид кои таа ги подржува се посилно го тероризираат цивилното население. Координаторот за хуманитарна помош на ОН , Јан Егеланд порача дека стравува од ескалација на насилството слично на масакрот кој се случи во дарфур во 2003-та година. Егеланд претстојуваше во Картум и на пресконференција своите впечатоци ги опиша на следниов начин:

“ Никогаш не би помислил дека на мојата четврта и последна посета , бројот на луѓе на кои им е потребна помош од 1 ќе се искачи на 4 милион. И никогаш не би помислил дека стравот , меѓу цивилната популација во Дарфур ќе остане ист и по три години” – истакна Егеланд .

Тој уште додаде дека суданската влада ги вооружува парамилициите повеќе од кога и да е порано.

Во меѓувреме продолжуваат натегањата околу ангажманот на мировни сили на ОН во Дарфур кои треба да го заштитат цивилното население во Дарфур.Стефан Дужарик , портпарол на генералниот секретар на ОН ,Кофи Анан синоќа истакна дека владата на Судан за време на разгвоорите во Адис Абеба главниот град на Етиопија се согласила со стационирање на трупи на ОН во Дарфур. Според Дужерик се уште не се конечно разјаснети прашањата околу тоа кој ќе командува и колкав ќе биде бројот на војници ангажирани во мисијата, која треба биде спроведувана заедно со трупите на Африканската Унија кои веќе се на теренот.

Меѓутоа министерството за надворешни работи на Судан , во меѓувреме ги спласна надежите за брзо започнување на мисијата на ОН и АУ во дарфур. На разговорите во Етиопија беше постигната согласност само за заеднички операции и ништо повеќе –беше соопштено во Картум.